Пратениците расправаат за укинување на имунитетот на поранешниот спикер Вељаноски
Foto

Пратениците расправаат за укинување на имунитетот на поранешниот спикер Вељаноски

Без присуство на претеникот Трајко Вељаноски течеше расправата во собраниската комисија за мандатно имунитетни прашања на која и денеска пратениците од власта и опозицијата расправаа за одземањето на неговиот имунитет. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија оти се работи за режирана хајка против нив и побараа собранието да им го одземе имунитетот на сите нив застанувајќи во одбрана на поранешниот собраниски спикер Вељаноски. Јавно упатија и прашања дали целта на власта е и Вељановски да заврши како сопартијците и поранешни министри Ристовски и Јанакиевски кои пред два дена во КПУ во Шуто Оризари физички беа нападнати.

Претседателот на собраниската комисија Павле Богоевски пак реплицираше оти целта не е сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да завршат зад решетки, но дека сака да ги види во затвор Никола Груевски и оние неколкумина кои како што рече избегале од земјата со други пасоши и под други имиња, а биле директно инволвирани во настаните од Крвавиот четврток.

Во меѓувреме додека во собранието трае расправата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, а приотоа екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер кој исто така е осуден и е во бегство, Кривичен совет најверојатно врз основа на претходно донесена одлука од повисок суд повторно му одреди мерка куќен притвор на Миле Јанакиески, додека пак Ристовски и натаму останува во притвор во КПУ Шуто Оризари.

0 Коментари

Остави коментари