Пратеници од германскиот Бундестаг во работна посета на земјава
Foto

Пратеници од германскиот Бундестаг во работна посета на земјава

Пратеници од германскиот Бундестаг денеска ќе бидат во работна посета на Собранието на Република Северна Македонија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, германските пратеници ќе се сретнат со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со Владимир Ѓорчев, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија.

Планирана е и средба со Шпреса Хадри, член на Комисијата за европски прашања и Антонио Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика и членовите од двете комисии.

0 Коментари

Остави коментари