Познато кој ќе седне во фотелјата на Министерството за култура
Foto

Познато кој ќе седне во фотелјата на Министерството за култура

Универзитетски професор кој доаѓа од Тетовскиот универзитет ќе го управува Министерството за култура , објави Алсат повикувајќи се на ексклузивни информации од Владата.

Како што се посочува, станува збор за Хисни Исмаили.

Пред еден месец од министерството за култура оставка си даде Асав Адеми.

Адеми тогаш рече дека одлуката ја донеле заедно со Гаши, појаснувајќи дека на 22 април побарал од лидерот на партијата да се повлече поради здравствени причини.

Според најавите на Владата, во текот на денешниот ден јавноста ќе ги дознае имињата на сите осуммина министри.

0 Коментари

Остави коментари