ПОЖАРОТ КАЈ МАНАСТИРОТ ЗРЗЕ ЛОКАЛИЗИРАН
Foto

ПОЖАРОТ КАЈ МАНАСТИРОТ ЗРЗЕ ЛОКАЛИЗИРАН

Пожарот кој му се закануваше на манастирот  „Св. Преображение” во село Зрзе кој избувна вчера од селото Дебреште засега е под контрола. Вчеравечер околу 19 часот пожарот опасно се приближил до манастирот. На лице место интервенирале екипите од противпожарната територијална единица Прилеп пожарна заедно со екипите од јавното комунално претпријатие Водовод и канализација и Комуналец кои со натчовечки напори спречиле пожарот да не го зафати и манастирот.

Пожарот брзо локализиран до 22 часот, но поради опасност од повторно избувгнување и денес во раните утрински часови повторно е испратена екипа засилена со вработените во тутунскиот комбинат кои го локализирале.

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски побарал помош и од МВР и од дирекцијата за спасување, а во 15 часот пожарот бил гасен и со авиони кои со канадери. Пожарот засега е ставен под контрола, а за да се спречи евентуална пожарот повторно да се разгори, утре на терен ќе излезе нова екипа.

0 Коментари

Остави коментари