Пожар во објект на струмичката касарна – изгоре регионалната ТВ Канал ВИС
Foto

Пожар во објект на струмичката касарна – изгоре регионалната ТВ Канал ВИС

Утрово околу 2 часот по полноќ, од засега сеуште непознати причини, избувна пожар во зграда од поранешната струмичка касарна каде функционираат повеќе приватни субјекти меѓу кои и регионалната телевизиска станица Канал Вис.

Повеќе од 6 часа траеше гаснењето на пожарот кој предизвика огромна матријална штета. Во локализирањето на огнената стихија учествуваа над 20 тина пожарникари со сета расположлива опрема и техника од струмичката ТППЕ при што тројца од нив се полесно повредени.

Според првичните информации во ТВ Канал ВИС во целост изгореа телевизиските студија, техничките одделенија и редакцискиот простор, при што е уништена сета опрема. Целосно изгоре и конфекциски погон во зградата а штети има и кај останатите субјекти.

Од ТВ Канал ВИС информираа дека телевизија нема да ги остави гледачите без медиумски содржини и дека новинарските екипи ке работат за да се информира јавноста преку оналјн.

Надлежните екипи треба да ги утврдат причните како настана пожарот кој предизвика огромна матријална штета во зградата од струмичката касарна која е во сопственост на општината а во која беа сместени повеќе правни субекти.

0 Коментари

Остави коментари