Пожар во напуштен објект во скопска Автокоманда
Foto

Пожар во напуштен објект во скопска Автокоманда

Пожар избувнал вечерва во скопска Автокоманда. Изгоре напуштен објект. Според командантот на скопската противпожарна служба Владимир Симоновски пожарот бил локализиран за 15 минути.

Интервенирале 20 пожарникари со шест противпожарни возила. Причината за пожарот се уште не е позната.

0 Коментари

Остави коментари