Пожар на блок 3 во РЕК Битола
Foto

Пожар на блок 3 во РЕК Битола

Пожар избувна на изолатор на трансформаторот на блок 3 во РЕК Битола вечерва во 22.50 часот, но веќе е изгаснат и нема повредени,  информираа од АД Електрани на Северна Македонија.

- Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат,  стои во соопштението од АД Електрани на Северна Македонија.

0 Коментари

Остави коментари