Пожар кај Чернобил: Зголемена радиоактивноста во регионот
Foto

Пожар кај Чернобил: Зголемена радиоактивноста во регионот

А додека светот се бори со коронавирус во Украина е регистрирано синоќа зголемување на радиоактивноста поради шумски пожар што избувна во саботата во област околу нуклеарната централа Чернобил, каде во 1986 година се случи најголемата нуклеарна несреќа во историјата.

„Имаме лоши вести, радиоактивноста е повисока од нормалната во срцето на пожарот“, напиша на Фејсбук, Егор Фирсов, кој раководи со службата за инспекција на животната средина.

Пораката на Фирсов беше придружена со видео-снимка од гајгер-милеров бројач што покажува 16 пати поголема радиоактивност од нормалната.пожарот зафати повеќе од 100 хектари шума околу централата на 100 километри северно од Киев.

0 Коментари

Остави коментари