Повторно запрена изградбата на штипската клиничка болница
Foto

Повторно запрена изградбата на штипската клиничка болница

 Повторно пробиени роковите за изградба на штипската клиничка болница. И овој пат има проблеми со подизведувачот штипски Бетон. Од министерството за здравство признаваат дека има застој во изградбата  и за наредната недела најавуваат средба со грчката компанија што го доби тендерот за изградба на болницата.

„Ние сме во секојдневен контакт со луѓето кои имаме потпишано договор од страна на министерството за здравство, тоа е фирмата Интеркат од Грција која имаат одредени проблеми во соработката со Бетон, но според последните информации нашле соодветно решение. “ - изјави Венко Филпче, министер за здравство.

Се обидовме но не успеавме да добиеме одговор од Штипски Бетон дали навистина ги испеглале проблемите со грчката компанија Интракат како што тврди министерот Филипче. Но, извесно е дека ќе има нови рокови.

Инаку Штипски Бетон е дел од истрагата Империја на СЈО. Како што веќе објави Телевизија 24 во компанијата влегоа и извршители. Компанијата ланската година ја заврши со загуба од  14, 6 милони евра, а според податоците од македонска берза со загуба работеле и првите девет месеци од годинава.

0 Коментари

Остави коментари