Повторно судири на протестите во Париз, полицијата употребила солзавец, 16 лица се упасени
Foto

Повторно судири на протестите во Париз, полицијата употребила солзавец, 16 лица се упасени

Француската полиција денеска употребила солзавец врз демонстрантите во Париз кои се обиделе да ги пробијат безбедносните кордони кај Елисејските полиња. Во протестите се уапсени 16 лица.

Француските претставници стравуваат дека приврзаниците на крајната десница и левица се обидуваат да се инфилтрираат во движењето „жолти елеци“ кои протестираат поради покачувањето на цените на горивото.

„Жолтите елеци“ денеска повикале на нови протести насекаде во Франција.

Утринава на Елисејските полиња се собрале стотици лица, а француските медиуми јавуваат дека таму се распоредени неколку илјади припадници на француската полиција. 

0 Коментари

Остави коментари