ПОВТОРНО СКРШЕНА СПОМЕН – ПЛОЧАТА КАЈ КАРАПАЛАК
Foto

ПОВТОРНО СКРШЕНА СПОМЕН – ПЛОЧАТА КАЈ КАРАПАЛАК

Скршена и оштетена е спомен плочата кај Карпалак, на автопатот Тетово–Скопје, информираат од тетовскиот огранок на здружението на бранители достоинство. спомен-плочата е поставена за десетте припадници на безбедносните сили кои беа убиени во заседа на тоа место во вооружениот конфликт во 2001 година. Плочата е постојана мета на уништување. Во овие 18 години десетина пати е искршена па повторно поставена, изјави Марин Најдов од тетовскиот огранок на достоинство. Бранителите постојано бараат на ова место да се постави спомен-обележје кое ќе биде заштитено од вакви акти на вандализам и уништување. Осум војници и двајца офицери од резервниот состав на АРМ беа убиени на 8 август 2001 година.

0 Коментари

Остави коментари