Поволната бизнис клима во Северна Македонија ги привлече албанските инвестиции
Foto

Поволната бизнис клима во Северна Македонија ги привлече албанските инвестиции

Поволната бизнис клима која владее во Северна Македонија наспроти „задушувачката клима“ во Албанија се услови албанските бизнисмени своите инвестиции да ги насочат кај нашиот источен сосед.

Ова е ставот на албанската опозиција, што го изнесе поранешната пратеничка и задолжена за економски прашања во Демократската партија, Јорида Табаку, според која албанските бизнисмени надвор од земјата инвестирале 1,3 милијарди евра, речиси сите во Северна Македонија.

– Албанските бизниси имаат инвестирано 1,3 милијарди евра надвор од Албанија, речиси сите отидоа кај нашиот сосед Северна Македонија. Не само што не привлекуваме странски инвестиции, туку не ги убедуваме локалните бизниси да инвестираат во Албанија. Илјадници нови работни места во РСМ од албански деловни инвестиции, додека редовите на невработените во Албанија секојдневно се зголемуваат. Зошто се случува ова? Затоа што премиерот во заминување (Еди Рама) создаде најнеповолна клима за вработување, инвестиции и претприемништво, напиша Табаку на нејзиниот Фејсбук профил.

0 Коментари

Остави коментари