Потврдено: Формула 2020 ќе почне од Австралија
Foto

Потврдено: Формула 2020 ќе почне од Австралија

Формула 1 и официјално потврди дека сезоната 2020 ќе почне во Австралија, на „Алберт Парк“ како и сите останати во последниве години. Тоа ќе биде 25. издание на големата награда на Австралија и, уште поважно, 70-годишнина од првата сезона во Формула 1. Датумот е точно на средина од месец март – 14 и 15.

„Драго ми е што можеме да објавиме дека, како и многу години наназад, следната сезона во Светското првенство на Формула 1 ќе почне во Мелбурн. ‘Алберт парк’ е една од најпопуларните локации во календарот и ја почитуваат сите кои работат во Формула 1. Дочекот кој за Ф1 го приредуваат австралиските фанови, навистина е нешто единствено и посебно. Нема подобро место за отворање на сезоната 2020, која ќе биде значајна, бидејќи ќе славиме 70-годишнина“, изјави Чејс Кери, првиот човек на Ф1.

Во сезоната 2020 ќе има две нови трки, уличната во Ханој, за големата награда на Виетнам и онаа во Зандворт, како враќање во Холандија по многу години. Уште не е потврдено кои две трки ќе отпаднат од календарот со 21, за да отстапат место, но најверојатно тоа ќе бидат Шпанија и Германија.

0 Коментари

Остави коментари