Потсетување на 25. Мај – Денот на младоста во екс-Југославија
Foto

Потсетување на 25. Мај – Денот на младоста во екс-Југославија

Титовите пионери го слават Денот на младоста - роденденот на доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито. Манифестации во речиси сите поранешни републики – во земјава членовите на Здружението „Јосип Броз–Тито“ од Кочани симболично маршираа и со познатата штафета. Велат спомените од Југославија им се најубавите. 

Најмасовната прослава на роденденот на починатиот шеф на поранешната република годинава во неговиот роден Кумровец. Според медиумите, се собрале над 15.000 луѓе кои со знамиња на Југославија и со југословенски песни го славеа Денот на младоста.

Денешниот 25. мај во екс-Југославија се славеше како празник, како роденден на претседателот на федерацијата, Јосип Броз Тито. На 25. мај се прославуваше Денот на младоста. Низ целата поранешна држава патуваа штафети, а главната штафета му се предаваше на Тито во Белград. Илјадници деца и млади танцуваа славејќи го роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ со слоганот „Ние сме титови, Тито е наш“.

Штафетата на пат тргнуваше месец и пол пред 25 мај и мораше да помине низ сите републики и покраини на Југославија. Последната штафета беше одбележана во 1988 година, на белградскиот стадион „ЈНА“. Потоа Сојузот на социјалистичката младина на Југославија ја укина манифестацијата.

 

0 Коментари

Остави коментари