Потпретседателот на Собранието, Мисовски ќе ја предводи делегацијата на Мечкин камен
Foto

Потпретседателот на Собранието, Мисовски ќе ја предводи делегацијата на Мечкин камен

Делегацијата на Собранието по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Денот на Републиката, на Мечкин камен во Крушево, ќе ја предводи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, соопшти денеска собраниската прес служба.

-Претседателот на Собранието Талат Џафери е во добра здравствена состојба, но по препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување, додаваат од собраниската прес-служба.

Џафери на 24 јули беше хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на коронавирус, иако тестирањата на Ковид-19 му биле негативни.

0 Коментари

Остави коментари