Постизборно во Бугарија - неизвесност, официјално Скопје ја чека новата влада
Foto

Постизборно во Бугарија - неизвесност, официјално Скопје ја чека новата влада

Премиерот Заев очекува формирање на нова бугарска влада во текот на месецот, но  официјална Софија се уште е во неизвесност. 

Иако исходот од бугарските парламентарни избори донесе нова неочекувана состојба, македонската влада се надева на решение во најбрз можен рок за Македонија да го фати европскиот воз во јуни. Но, колку е тоа возможно?

- Очекувам разговорите да продолжат, очекувам да изнајдеме решение. Тоа е во интерес на целиот Западен Балкан на Европската Унија , но дефинитивно е интерес и на Бугарија и бугарскиот народ. Важно е каква историја денеска пишуваме, што ќе им оставиме на младите, на идните генерации. Убеден сум дека ќе најдеме решение кое ќе биде за двете страни прифатливо. Но уште еднаш напоменувам македонскиот идентитет, македонскиот јазик не биле и не можат да бидат тема на разговори и преговори. - изјави Зоран Заев премиер на РСМ.

Процесот за нова влада во соседна Бугарија се чини дека ќе потрае. Борисов денеска се откажа и од својот пратенички мандат, откако вчера му ја подаде топката за формирање на владино мнозинство на Слави Трифонов. На својот фејсбук профил, бугарскиот премиер во заминување, Борисов објави дека поднел изјава до Централната Изборна Комисија, со која се изјаснува дека одбива да биде дури и пратеник во новиот состав на бугарскиот Парламент.

- ГЕРБ победи на изборите во 24 од 31 региона, а моите политички противници во 3, 2 и 1. Изборите се одржуваат со цел да се формира влада и да се има стабилна влада, за да може да се спроведе тоа што го велат политичарите. Ајде почитувајте се едни со други-– зад секој политичар стојат гласовите на многу луѓе. - изјави Бојко Борисов ГЕРБ.

Откако Борисов го повика Трифонов да преземе политичка одговорност, лидерот на „Има таков народ“  го даде и првиот коментар, а тоа е дека ќе го следи Бугарскиот Устав. 

Засега останува нејасно во каква насока ќе се движи бугарската политика во однос на спорот со Македонија. Според експертите, можно е да има благо придвижување откако ќе се формира владата во Софија, но без драстични промени.

0 Коментари

Остави коментари