Последно коло од главната рунда во групата 2 на ЕП во ракомет
Foto

Последно коло од главната рунда во групата 2 на ЕП во ракомет

На Европско првенство во ракомет 2022, денес ќе се одиграат натпреварите од последното коло во Групата 2 по што ќе се знаат првите полуфиналисти.

Со најголеми шанси за освојување на едно од првите две места влегува Шпанија кој ќе биде апсолутен фаворит на мечот со Полска.

Скандинавските селекции Норвешка и Шведска во директен дуел ќе одлучуваат за врвот, додека Германија и Русија ќе играат за што подобар пласман.

Двојки и саатници за денешните средби:

Полска – Шпанија 15:30 часот

Германија – Русија  18:00 часот

Шведска – Норвешка 20:30 часот.

Моментална табела: Норвешка 6 бодови, Шведска 6, Шпанија 6, Русија 3, Германија 2, Полска 1.

Двете првопласирани селекции од групата ќе се пласираат во полуфиналето.

0 Коментари

Остави коментари