Последен ден собраниска расправа за ребалансот на буџетот
Foto

Последен ден собраниска расправа за ребалансот на буџетот

Петти последен ден превирања помеѓу власта и опозицијата по однос на ребалансот на буџетот. Според пратениците од опзоицијата ребалансот не е равоен туку ќе го унапреди криминаолот и корупцијата на сметка на џебот на граѓаните преку предизборен поткуп. обвинуваат - дополнително ќе се зголеми и сиромаштијата.

Од владејачкото мнозинство пак уверуваат - ребалансот е продуктивен и ги следи економските состојби. Има за цел економско закрепнување и справување со пандемијата.  

Според последните проекции на буџетот дел од  министерствата ќе останат со истите  буџети додека останатите ќе добијат зголемување. Владата ќе има на располагање дополнителни 120 милиони евра од првично планираниот буџет. Буџетскиот дефицит ќе се продлабочи за дополнителни 180 милиони евра и до крајот на годинава се планира да досигне 6.5 отсо од БДП.

Фајнанс Тинк во својот коментар за ребалансот на Буџетот за 2021 година порачува дека тој претставува „најгломазниот план од постоењето на државата кој треба да овозможи постпандемиски поттик на економијата“, но сепак, според нив, ребалансот укажува на недоволна волја за кратење на непродуктивните трошења и зголемување на капиталните расходи вон можноста на институциите да реализираат капитални проекти и со значајно помал обем, како што беше случајот во претпандемискиот период.

Со ребалансот се планира државата да потроши дополнителни триста милиони евра од првично планираниот буџет со што расходната страна ќе изнесува 4,3 милијарди евра. Во буџетската каса се планира да се соберат 3,6 милијарди евра. Буџетскиот дефицит ќе се продлабочи за дополнителни 180 милиони евра и до крајот на годинава се планира да досигне 6.5 отсо од БДП.

0 Коментари

Остави коментари