Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
Foto

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,95 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 61, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 51 денар за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе продолжи да се продава за 66,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 68,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,924 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,574 денари.

0 Коментари

Остави коментари