Портрет за Блаже Конески во грчкото списание за литература „Карта“
Foto

Портрет за Блаже Конески во грчкото списание за литература „Карта“

Новинарот и писател, Томислав Османли, преку неговиот фејсбук-профил ја пренесе информацијата дека грчкото месечно електронско списание за литература „Карта“ ("Χάρτης", Νο.18, Ιούνιος 2020) објави извонреден портрет на Блаже Конески насловен „Житија на Блаже Конески“ ( Συναξάρια του Μπλάζε Κόνεσκι ), проследен со преводи на седум песни од поетската ризница на нашиот најистакнат книжевник и лингвист, именувајќи го „корифеј на духовниот живот на соседна Северна Македонија“. Уредништвото изразува жалење што преводите се посредувани, направени преку англиски преводи на поезијата на Конески, додавајќи: 

- „Бидејќи не знаеме македонски, а со цел песните на Конески да стигнат до грчкиот читател, овој избор беше направен и покрај неговите очигледни ограничувања“. 

Пријателски интонираниот текст - илустриран со сјајниот портрет на академик Конески, дело на Данчо Кал'чев - завршува со изразување надеж „дека наскоро ќе има преведувачи кои ќе се заложат да ја препорачаат работата на Конески во нашата земја директно од оригиналот“.

Османли посочува дека независно од напишаното преводите се многу добри. – „За поздравување се, особено, благородноите намери што стојат зад оваа бележита објава на нашите грчки колеги по чисто книжевно перо и по искрена καλοκαγαθία (добронамерност).“

 

0 Коментари

Остави коментари