Поројни дождови низ целата држава, излевања и помали штети, невремето ќе продолжи
Foto

Поројни дождови низ целата држава, излевања и помали штети, невремето ќе продолжи

Непроодни улици и нефункционална атмосферска канализација, ова е резултатот од три дневните врнежи од дожд во главниот град.  

Интензивните врнежи од дожд ќе се задржат и следните денови, предупредуваат од УХМР, Во текот на денешниот ден, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 л/м2. 

Дождовите кои наврнаа создадоа голем број проблеми за граѓаните, отежнат е и сообраќајот, а пешаци речиси и да нема по скопските улици, оној мал број кои што се обидоа да поминат улица,  се соочија со уште поголми проблеми од дождот.

Обилните и интензивни врнежи од дожд ги преплавија скопските улици, па за пешаците како што гледате е речиси невозможно да поминат без притоа да бидат наводените од брзите автомобили. 

Променливо облачно време со сончеви периоди, ќе се задржи до недела, велат најновите прогнози од управата за хидрометеоролошки работи.

На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

0 Коментари

Остави коментари