Пораз на Еурофарм Работник од Спортинг во Лисабон со 36:26
Foto

Пораз на Еурофарм Работник од Спортинг во Лисабон со 36:26

Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва во Лисабон се поразени од португалскиот вице-првак Спортинг со 36:26.

Битолските „фармацевти“ играа добро само во првите 10 минути од натпреварот кога резултатот беше израмнет (6:6 и 7:7), а потоа со серија голови домаќините поведоа со 8 голови разлика (17:9), и полувремето го завршија со водство од 17:11.

Во второто полувреме домаќините со рутинска игра, и во фер и спортски натпревар од групата „Ц“ во ракометната лига на шампионите победија со 36:26.

Најефикасни на средбата беа бековите Остроушко и Јотиќ со по 8 голови, додека кај домаќините Роча постигна 7 голови. Во следното ракометно коло битолчани во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе го пречекаат тимот на Савехоф.

0 Коментари

Остави коментари