ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРКА ЈАНКУЛОСКА СВЕДОЧЕШЕ ВО „МОНСТРУМ“
Foto

ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРКА ЈАНКУЛОСКА СВЕДОЧЕШЕ ВО „МОНСТРУМ“

Мојата верзија е дека немам врска со случајот.“ - Хаки Хазири

Љупчо Тодоровски Радникот ја демантираше верзијата на обвинетиот Хазири, не го малтретирал ниту му дал ливче на кое било напишано што да збори против останатите обвинети додека беше сведок. По речиси осум години од убиствата кај Смилковски езера се соочија во судница, но со различни одговори. Радникот тврди дека не го познава, а Хазири вели тоа е човекот кој во МВР му нудел да биде заштитен сведок и да биде испратен во Холандија.

Не го ни познавам лицето Хаки Хазири. Немам контакт со странки како директор на БЈБ. Не знам што тој изјавил, или дека сум го терал да учи нешто од тетратка и тоа да го каже.“ - Љупчо Тодоровски Радникот

- Јас имав едно прашање дали полицијата има соработка со холандската полиција за програма за заштита на идентитет, ако не ми кажал тој или неговите од кај јас би го кажал дека има такво нешто... Ме принудиле тоа што сум го рекол да го кажам, а он ми рече понуда оди во суд, судот е наш обвинителството има програма за смена на идентитет, јас тоа не би го знаел никогаш... не знам во која канцелариаја во МВР.“ - вели Хазири.

Дали полицијата има соработка со холандската полиција за програма за заштита на идентитет, ако не ми кажал тој или неговите од кај јас би го кажал дека има такво нешто... Ме принудиле тоа што сум го рекол да го кажам, а он ми рече понуда оди во суд, судот е наш обвинителството има програма за смена на идентитет, јас тоа не би го знаел никогаш.“ - Хаки Хазири.

Иако бил на важна позиција, шеф на БЈБ за Тодоровски немало бомби поврзани со овој случај, забележа обвинителката Фатиме Фетаи. Бил споменуван од други колеги дека наводно знаел дека ќе се случи нешто страшно. Радникот го убедуваше судот дека пред да се случи петкратното убиство кај Смилковци, немал никаква најава. Истото го тврдеше и поранешната министерка за внатрешни. Гордана Јанкулоска четири часа беше испрашувана во судница. За бомбата меѓу неа и Блерим Беџети- тогашниот министер за правда кога договараат да не се закажува судење Монструм пред избори и разговараат за екстрадицијата на побегнатите од Косово, вели дека нема политички калкулации, тоа биле само исечоци од разговори. Сепак, според родителите на убиените момчиња нејзиното сведочење нема да промени ништо.

Најбитно нешто што слушнавме беше изјавата на сведокот Љупчо Тодоровски за прашањето“ - Дафинка Ивановска.

Пред да стане обвинет, Хаки Хазири беше сведок, кој даде сосема спротивен исказ од она што денеска го тврди. Пред истражниот судјиа Владимир Туфегџич сведочеше дека на 12 април ги возел обвинетите од Смилковското езеро до дома, и тие во возилото признале дека убиле човек. Сега вели дека тоа го кажувал од страв и притисоци.

0 Коментари

Остави коментари