Пораки на европските лидери пред Загребскиот самит
Foto

Пораки на европските лидери пред Загребскиот самит

Не е случајна посетата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на земјава, вели политичкиот аналитичар Александар Јовановски од Хелсиншкиот комиетет по средбите на Мишел со претседателот на државата Стево Пендаровски и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Анализирајќи ги изјавите на Мишел, Јовановски вели дека тој испратил две јасни и клучни пораки до македонските политичари.  

Во пресрет на обелоденувањето на новата методологија за проширување на Европската унија како и Самитот на Унијата во мај годинава во главниот град на Хрватска, Загреб, Јовановски очекува, како што вели тој, да се случат неколку клучни моменти.

0 Коментари

Остави коментари