Поради убиството на американско семејство, САД им објавија војна на нарко картелите во Мексико
Foto

Поради убиството на американско семејство, САД им објавија војна на нарко картелите во Мексико

Соединетите Американски држави им објавија војна на нарко картелите и и понудија воена помош на Владата на Мексико, откако девет члена на едно американско семејство беа убиени во северниот дел на државата каде неколку картели водат борба за контрола над трговијата со дрога.

„Ова е време за Мексико, со помош на САД, да почне војна со нарко картелите и да ги избрише од лицето на земјата. Ние само чекаме на повик на вашиот голем нов претседател.” - напиша Трамп во една од пораките на Твитер.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ја одби помошта на Трамп напоменувајќи дека на државата не и е потребна странска интервенција за да се справи со безбедносните проблеми.

Од министерството за внатрешни работи на Мексико објавија дека едно лице е веќе уапсено поради учество во нападот. Осомниочениот бил октриен на границата со САД а покрај големото количество на оружје кое го имал кај себе, тој држел и неколку луѓе како заложници.

Мексиканските медиуми веќе објавија дека нападот најверојатно бил извршен по грешка, но семејствата на починатите велат дека тие и во минатото се соочувале со закани. 

„Едно од девојчињата беше два пати погодено. Била во шок и почнала да бега во планината. Ја пронајдоа после неколку часа, дезориентирана. Не знаеше каде се наоѓа.“ - изјави Изјава Алекс ЛеБарон.

Во масакрот, кој се случи на локалниот пат во мексиканската држава Сонора, на границата со САД, беа убиени девет членови на американско семејство, три мајки и шест деца. Осуммина го преживеаа нападот а едно 13 годишно дете пешачело 23 километри за да побара помош.

0 Коментари

Остави коментари