Поради магла патници 24 часа летале низ Европа, тргнале од Лондон за Солун, завршиле во Темишвар
Foto

Поради магла патници 24 часа летале низ Европа, тргнале од Лондон за Солун, завршиле во Темишвар

Лет на авиокомпанијата „Рајанер“ бил извршен од лондонскиот аеродром „Стенстед“ во 17.19 часот во петокот и предвидено било во Солун да пристигне пред 22 часот. Но, додека авионот бил над Македонија, на околу 125 милји од дестинацијата, маглата на аеродромот во Солун предизвикала одвраќање на летот.

Сите очекувале авионот да слета во Скопје, но авионот во кој имало околу 200 патници одлетал кон Софија, но сепак не слетал ниту таму. Авионот сепак се приземјил во Темишвар, Романија, на околу 500 милји подалеку од првичната дестинација, Солун.

Авион потоа се вратил празен од Темишвар во Англија, но, на социјалните мрежи патниците истакнале дека авиокомпанијата не ја испочитувала нејзината обврска да се грижи за нив.

„Моите родители и 200 патници на „Рајанер“ се заглавени на аеродромот во Темишвар поради временските услови. Нема никој и никој не одговара на повиците. Бебиња и постари лица ја минуваат ноќта на ладно“- напиша Санџи Хјусон на „Твитер“.

Според правилата на компанијата, таа е обврзана во ваков случај да им најде алтернативен превоз на патниците. Сепак, 89 патници одбиле да се качат во автобусот и ноќта ја минале на аеродромот.

Ситуацијата се решила така што грчката Влада пратила авион во Темишвар, па патниците безбедно биле пренесени до Солун, каде пристигнале по околу 24 часа по предвиденото време.

0 Коментари

Остави коментари