Поповски: Оваа власт не менува преку ноќ, туку низ процедури
Foto

Поповски: Оваа власт не менува преку ноќ, туку низ процедури

Се уште во јавниот сервис доминантна улога и влијание има поранешната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ. Така е констатирано во Извештајот. Во стилот и начинот на владеење на оваа Влада не е преку ноќ менување со политички декрет, туку едноставно низ процедура, изјави вечерва министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски во емисијата „Отворено“ на ТВ 24.

Поповски посочи дека целиот медиумски сектор комплетно е ослободен од било какво влијание и додаде оти пазарот е ослободен од било какво влијание.

Поповски смета дека владините институции имаат ниво на транспарентност, односно објавување податоци, информации, се она што ги интересира граѓаните од над 78 отсто. – Нашите политики се на увид на граѓаните, рече Поповски.

Премиерот Зоран Заев, пак, укажа на разликите, како да се дојде до квалитетно решение.

– Можеше да биде брзо ако МРТВ од алатка на Груевски преминеше како алатка во рацете на Заев. Тоа не ни треба. Ние имаме системско решение, рече Заев. Порача по пат на дебата да се дојдо до квалитетно решение кое нема да зависи од него или некој друг по него, треба на транспарентен начин да се избере Програмскиот совет кој ќе номинира на крај независен директор, независен главен уредник…

Според него, тоа е системско и трајно решение и понекогаш е подобро да се изгуби време, отколку да се смени од една лоша во друга лоша варијанта.

0 Коментари

Остави коментари