Попис: Од утре граѓаните може да се попишуваат и во општините
Foto

Попис: Од утре граѓаните може да се попишуваат и во општините

Од утре сите граѓани кои досега не успеале да се попишат - своето законско право ќе може да го остварат во своите општини. На терен во тек се завршните активности и провеки – од статистика уверуваат целта е никој да не биде изоставен од најголемата статистичката операција. 

„Тоа значи дека оние граѓани кои по било која основа не успеале во овие 20 дена да остварат контакт со попишувач,односно попишувачот поминал во нивниот пописен круг, не ги нашол дома, оставил или не порака, едноставно не бил воспоставен контакт, овие граѓани ќе може да одат на одредени локации во нивните општини и да се попишат.“ - вели Јасмина Ѓоргиева - ДЗС.

- На 6 дена до крајот на попиост - досега попишани се над 1 300 илјади граѓани, повеќе од 430 000 домаќинства и 600-тини илјади станови. Надлежните и денеска упатија апел сите да го искористат своето право и да се попишат. 

„Податоците од пописот, во иднина ќе ни помогнат за долгорочно планирање на политиките, реформите и проектите од значаен интерес за државата и граѓаните.“ - вели Муамед Хоџа - портпарол на Влада. 

Пребројувањето на населението досега наиде на неколку пречки. Откако на самиот старт имаше низа технички проблеми и хакерски напади кои предизвикаа застои - имаше и случаи на бојкот и не отворање врата на попишувачи. 

После низа на македонски, албански и турски политички субјекти се јави уште една партија која нема да го признае пописот доколку не биде според нивна мерка.Партијата ГДУ која меѓу останатото се залага за правата на бугарите во земјава, вчера изрази сомнеж дека граѓаните не смеат да се изјаснат слободно за пописот. Од ДЗС уверуваат дека статистичката операција се одвива нормално и без никакви притисоци. 

Паралелно тече и попишувањето на дијаспората. Според досегашните податоци на заводот за статистика досега интересот за самопопишување на дијаспората е најголем во Швајцарија, каде заклучно со денес се попишале над 63 илјади лица, потоа следува Германија со речиси 45 илјади, Италија со над 27 илади самопопишани лица, и Австрија со 11 253 лица. Пописот треба да заврши на 30 септември. 

0 Коментари

Остави коментари