Понеделник одлучувачка средба за деблокада на паралментот
Foto

Понеделник одлучувачка средба за деблокада на паралментот

Средбата в понеделник меѓу Заев, Села и Гаши треба да биде одлучувачка по однос на прашањето за Законот за државјанство од кој во најголема мера зависи работата на Собранието.

Премиерот Заев и денеска посочи дека извесно е постигнувањето на договор и очекува позитивен исход  за ова законско решение преку соочување на предлозите и аргументите на двете страни.

Средбата вели премиерот е на иницијатива на лидерите на албанскиот опозициски блок од каде пак инсистираат на што побргу донесување на законот за државјанство иако остануваат да се пеглаат недореченостите меѓу нив и СДСМ но во склад со Европската регулатива.

Од  исход на оваа средба ќе зависи понатаму како ќе постапува и ВМРО ДПМНЕ иако неодамна на последниот брифинг со новинарите лидерот на партијата Мицковски рече дека се спремни да ги повлечат амандманите за законот за државјанство со цел да се овозможи непречено работење на собранието при носењето на важните законски решенија но апелираа нивниот пример на повлекување на амандмани да го следат и Алијансата и Алтернатива а владејачката СДСМ пак велат помалку да тактизира.  

Кординаторот пак на пратеничката група на Алијансата за Албанците Скендер Реџепи минатата недела имаше средба во собранието со премиерот Заев каде според изјавите на двете страни има желба за деблокада во работата на Собранието, но се уште нема конкретен договор. До неговото финализирање остануваат забетонирани позициите на албанскиот опозициски блок а со тоа останува и блокирана работата во собранието.

0 Коментари

Остави коментари