Помош за фирмите: Бескаматна кредитна линија „Ковид 4“
Foto

Помош за фирмите: Бескаматна кредитна линија „Ковид 4“

10 милиони евра тежи бескаматната кредитна линија Ковид 4. Од три до триесет  илјади евра кредит без камата, ќе може да земаат малите, микро и средни претпријатија, со рок на отплата до 42 месеца, и грејс период од 12 месеци. 

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи рече дека кредитната линија предвидува грантови до 15.000 евра за фирми од најпогодените сектори - туризам, угостителство, ивент индустрија, приватни здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, но доколку отворат нови работни места и ги зголемат приходите. На конкурсот нема да може да се пријават  фирмите кои користеле поддршка за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки.

„Воочуваме постепено и стабилно подобрување на економската состојба што се отсликува преку повеќе макроекономски индикатори, повеќе статистички параметри кои укажуваат дека економијата оди во нагорна линија.“ - изјави Фатмир Битиќи  вицепремиер за економски прашања.

Надлежните уверуваат економијата заздравува. Од бизнис заедницата иако го поздравија овој пакет на антикризни мерки - велат добро би било да може да аплицираат сите компании. 

„Со овој финансиски пакет, или со оваа финансиска инекција ќе може да  загарантираат одржливост, како би можеле во рокот помеѓу 36 или 42 месеци да ги вратат средствата. Добро е тоа што има и грејс период.“ - вели Миле Бошков претседател на бизнис конфедерација на Македонија.

Критики околу условите за аплицирање, на адреса на Владата упатија од најпогодениот сектор - туризмот. Велат најпогодените сектори од ковидкризата, на почетокот на годината воопшто и не остварувале промет, зеле помош од државата за да се задржат веќе постоечките работни места, со овие услови за аплицирање голем дел од компаниите не ќе можат да добијат парче од колачот. 

 „Сите кои што беа со промет сведен на нула, или падот на прометот кој што беше  повеќе од 50 проценти,  сите аплицираа и ги добија оние средства за помош и поддршка, ќе нагласам поради тоа што истите 50 % до крајот на годината, требаа или да се вратат или да се инвестира во самата компанија.“ - вели Ана Марија Алексова претставник на туристички агенции.

Новата бескаматна кредитна линија е дел од шестиот пакет антикризни мерки на Владата. Компаниите ќе можат да аплицираат за оваа кредитна линија почнувајќи од 15 јули.

0 Коментари

Остави коментари