Помор на риби во Охридското езеро
Foto

Помор на риби во Охридското езеро

Неподнослива миризба и страшна глетка го осамна Охридското езеро утринава.Илјадници плашици угинаа во каналот Студенчишта поради недостиг на кислород и вода во изворите. Катастрофата први ја затекнале локалните рибари утринава.Велат не паметат одамна помор во толкава количина.

Поморот на оваа риба е нешто за што постојано се алармираше периодот наназад а никој не поведе сметка вели екологот Трајче Талевски.Ситуацијата сега е поалармантна бидејќи плашицата ќе почне да скапува па може да направи катастрофа во поголеми размери предупредува Талевски. Директорката на Хидробиолошкиот Завод пак информира дека екипите се на терен и ги санираат штетите, во борба да се спречи настанување на нови.

На терен од утринава се и екипи на државниот инспекторат за земјоделство и АХВ кои информираат дека земени се мостри од угинатите риби и констатирано е дека угинувањето е поради недостиг на кислород во водата како последица на намален водостој во Студентчишко блато. Оттаму велат дека Во комуникација си општина Охрид а  по инструкции од агенцијата и инспекторатот се постапува кон собирање на угинатите риби и нивно нештетно закопување. Воспоставена и засилена контролаа угинатата риба да не заврши во малопродажба. Од  ЕЛЕМ допионуваат дека  состојбата со нивото на езерото не е загрижувачка и потенцираат дека речиси цел месец наназад испустот на вода во Црн Дрим е сведен на минимум.

0 Коментари

Остави коментари