Половина од бизнисмените во земјава сметаат дека тендерите се наместени
Foto

Половина од бизнисмените во земјава сметаат дека тендерите се наместени

Дури една милијарда евра годишно буџетски пари троши државата за јавни набавки, но поради критериумите кои во тендерите ги поставува, она што го добива не секогаш е најквалитетното, тврди аналитичарот Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

Причината за ова е што за државните институции, најчесто главен критериум е ниската цена. Тоа во многу случаи е на сметка на квалитетот, вели Филков.

Истражувањата на Центарот за граѓански комуникации покажуваат дека еден од најголемите проблеми во јавните набаки е малата конкуренција. Дури една третина од тендерите се со само една понуда. Фирмите се демотивирани да учествуваат на тендери, оти половина од бизнисмените во земјава сметаат дека се наместени.

Според глобалните истражувања, 20 проценти од јавните набавки се коруптивни зделки. Ако се направи аналогија на состојбите во земјава, излегува дека 200 милиони евра завршуваат како коруптивни зделки, во приватни џебови, вели Филков.

Македонија има низа институции кои се вклучени во борбата против корупцијата, но и покрај тоа таа е се уште на високо ниво. Освен строгата примена на законите, потребна е и лична одговорност, бидејќи колку помала корупција, толку повеќе пари за граѓаните.

Ланската година беше првата во која се примени новиот закон за јавни набавки кој е по европски терк, но ефектите се уште не може да се видат, поради двете работи, постојаната употреба на најниска цена и аукцијата на фирмите кои откако еднаш ги дале најсиниските цени, повторно ги спуштаат со цел да го добијат тендерот.

Во своето гостување во студио 10, Филков откри дека земјава годишно троши 3,5 милиони евра за паушали на членовите на советите на општините.

0 Коментари

Остави коментари