Полициски службеници синоќа правеле забава во кратовското село Куклица
Foto

Полициски службеници синоќа правеле забава во кратовското село Куклица

Без почитување на препораките и мерки за заштита од КОВИД-19 синоќа полициски службеници правеле забава во кратовското село Куклица.

Според информациите од Секторот за комуникација со јавност на Министерството за внатрешни работи, настанот се случил синоќа, околу 21 часот, кога бил пријавен во полиција.

– На втори јуни 2020 година, околу 21 часот било пријавено во Одделот за внатрешни работи Кратово дека полициски службеници прават забава во село Куклица, Кратовско, при што не се почитувани мерките за заштита од КОВИД-19. Веднаш се превземени мерки и известен е јавен обвинител, по чии насоки на лице место излегле полициски службеници. При увидот констатирано е дека на приватен имот во село Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност и во истиот момент биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од кривичниот законик, информираат од МВР.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола при МВР и инспектори од соодветните организациони единици се работи на расчистување на случајот.

0 Коментари

Остави коментари