Полицијата во Хонг Конг употреби и гумени куршуми против демонстрантите
Foto

Полицијата во Хонг Конг употреби и гумени куршуми против демонстрантите

Полицијата во Хонг Конг употреби палки, солзавец и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите кои се обидуваат да стигнат до зградата на локалниот Парламент.

Илјадници, главно млади студенти, протестираат против законот со кој треба да се овозможи екстрадиција од Хонг Конг во Кина.

Додека дебатата за законот беше одложена откако демонстрантите го блокираа Законодавниот совет во понеделникот изутрина, тие продолжија да ги окупираат главните патишта низ деловната и владината област.

Повеќето демонстранти имаат чадори, заштита за очи, маски за лице и очила за да се одбранат од полициските тактики за растерување, јавија светските медиуми. 

0 Коментари

Остави коментари