Полицијата вчера напиша 168 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република С. Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 168 возачи. 

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час. 

Притоа, 78 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место. 

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.