Како што објави министерството за внатрешни работи, повеќе напади започнале околу 20 часот на шест места во центарот на Виена меѓу другото и пред синагога а у нив учестувавле десетина напаѓачи, од кои некои се уште се во бегство. Првичниот напад се случил во близина на градската синагога. Не е познато дали синагогата била првична цел на нападот.
Според информациите кои ги објави владата, загинале тројца, а меѓу нив и еден напаѓач. Медиумите јавуваат за седум мртви. Според засега достапните информации, 15 лица се хоспитализирани.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц се обрати на државната телевизија и рече дека овој одвратен терористички чин нема да ја исплаши нацијата.
„Мило ми е што полицијата успеа да елиминира еден од напаѓачите. Нема да не исплаши тероризмот и против ваквите напади ќе се бориме со сите сретства.“ - порача Курц.
Градот е под целосна опсада и по напаѓачите се трага и со хеликоптери. Иако на една снимка се гледа дека полицијата приведува четворица, не е потврдено дали тоа се дел од напаѓачите.
За нападот во Виена се огласи и францускиот претседател Емануел Макрон.
„Ние, французите, ги делиме шокот и тагата со Австијците по нападот во Виена. Ова е наша Европа. Нашите непријатели мора да знаат со што си имаат работа. Нема да попуштиме.“ - напиша Макрон.
Полицијата упати апел до граѓаните да не излегуваат, да не снимаат и да не ставаат видеа на Твитер зошто им ја отежнуваат потрагата по напаѓачите и нив ги ставаат во опасност со откривањето на локациите. На првичните снимки се гледа престрелката на полицијата со напаѓачите, како и убиството на едно лице од страна на еден од напаѓачите.
Од последните снимки што доаѓаат од Виена, полицијата на мотори брка едно лице кое бега, но успеваат да го совладаат.
0 Коментари