Полицијата го донесе Бојан Јовановски во Кривичниот суд
Foto

Полицијата го донесе Бојан Јовановски во Кривичниот суд

Полицијата вечерва го донесе Бојан Јовановски во Кривичниот суд Скопје каде пред истражен судија ќе дава исказ за случајот по пријавата на ОЈО по што судија на претходна постапка ќе одлучи дали за него ќе има притвор или не.

Јавното обвинителство побара притвор под сомнение дека сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а едното од нив е осомничено и за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Полицијата врши претрес во домот на родителите на Бојан Јовановски познат како Боки 13, во скопската насела Тафталиџе. Пред семејната куќа на Јовановски има полициско возило. Се врши претрес и во неговата канцеларија во 1ТВ.

Обвинителството од 2 мај годинава против овие две лица водело предистражна постапка при која се собрани повеќе вербални и материјални докази што даваат основа против нив денеска да се отвори истражна постапка по кривична пријава.

0 Коментари

Остави коментари