Полицијата го блокираше Собранието во Белград, ситуацијата се смирува, меѓу повредените и новинарски екипи
Foto

Полицијата го блокираше Собранието во Белград, ситуацијата се смирува, меѓу повредените и новинарски екипи

Расте бројот на повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата. Меѓу повредените има новинари и сниматели од телевизиски медиуми и интернет портали. Демонстрантите демолираа речиси се околу Собранието, продавници и ресторани, а скршени се и неколку стакла на Собранието.

Густ чад се гледа од пред главната пошта, а пожарот од трите запалени автомобили зафати уште два. Полицијата и натаму продолжува со солзавец да ги растерува демонстрантите.

Снимките од телевизиските екипи на моменти прикажаа и сцени како полицијата со употреба на сила приведува демонстранти, а нападнат беше и полицаец во цивилна облека.

Улицата „Крал Александар“ е место каде дојде до најголеми судири со полицијата. Полицијата во моментот целосно го блокираше пристапот до Собранието. Напомош дојоа и полицајци во цивилна облека, жандармеријата и неколку блиндирани возила на полицијата.

Демонстрантите ги палат контејнерите пред црквата Свети Марко, со цел да направат бариера меѓу нив и полицијата. На протестот се појави и Вук Јеремиќ, но набрзо беше нападнат од група демонстранти.

СДитуацијата полека се смирува. Помала група на демонстранти се уште се наоѓа зад црквата „Свети Марко“ кои упатуваат навреди кон полицискиот кордон. Уништени се семафори, кои демонстрантите буквално ги откорнуваат, по што полицискиот кордон тргна кон нив со оклопни возила. Околу 2.30 часот по полноќ полицијата ја разби и последната топла на демонстранти.

Foto

0 Коментари

Остави коментари