ПОЛИЦИЈАТА АПСИ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО И СУДОВИТЕ ПУШТААТ, КОЈ ГО ШТИТИ КРИМИНАЛОТ ВО СКОПЈЕ
Foto

ПОЛИЦИЈАТА АПСИ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО И СУДОВИТЕ ПУШТААТ, КОЈ ГО ШТИТИ КРИМИНАЛОТ ВО СКОПЈЕ

Големата акција на МВР пред една недела , во која беа приведени 12 лица кои шверцувале оружје и дрога заврши со слобода на криминалните банди. Обвинителството само за еден од осомничените побара притвор а останатите ги пушти на слобода, но судот наместо притвор и нему му одреди посебни мерки за претпазливост иако кај уапсениот во скопско Арачиново било пронајдено поголемо количество на оружје. Полицијата прашува кого штитат обвинителите, а првиот полицаец Оливер Спасовски порача дека со ваквото постапување се остава простор за понатамошен криминал.

„Ако погледнете за какви луѓе станува збор, јас ги квалификувам дека ова воопшто не се мерки. Кога ќе подговтвите тимови, кога голем дел на инспектори во МВР ќе работат на расчистување на одреден случај, кога ќе утврдите аргументи и факти и кога ќе ги доставите до ОЈО и ќе ви речат од обвинителството нека оди по редовна процедура - навистина се прашуваме зошто толку труд и енергија се вложува и кого тоа ние штитиме. Јас навистина не знам зошто дел од обвинителите ширум земјава постапуваат така“. - Оливер Спасовски – Миниситер за внатрешни работи.

Обвинителот Јовевски денеска не се изјасни по ваквите обвинувања од Спасовски. Претходно од обвинитечството соопштија дека по евентуално дополнително поднесени кривични пријави, поткрепени со докази обезбедени на законит начин, ќе постапи согласно своите законски надлежности“ но без да прецизира дали во акцијата се обезбедени докази на незаконит начин или пак полицијата им доставила само докази добиени по законски пат.

Пред неколку дена во голема акција беа уапсени 12 лица од Грчец, Арачиново, Крушопек и Сарај, а дел од нив беа поврзани и со пукањето во хотелот Александар Палас. Од МВР велат дека се уште работат на целосно расветлување на овој случај, откако претходно обвинителството во соопштение кажа дека полицијата не знае кои биле напаѓачите, а Министерот Спасовски тврди дека полицијата работи и на откривање и сузбивање на други криминални банди во Скопје.

0 Коментари

Остави коментари