Пол-позиција за Ферстапен, зад него два болида на Ферари
Foto

Пол-позиција за Ферстапен, зад него два болида на Ферари

Ред бул потврди дека патеката „Ерманос Родригес“ во Мексико им одговара и втора година по ред ја освои пол-позицијата, овој пат во името на Макс Ферстапен. Холанѓанецот оствари нов рекорд со 1:14..758, за една илјадитинка подобар од досегашниот, кој лани го постави Даниел Рикардо.
 
Ферстапен беше најбрз уште во првото излегување во третата квалификациска сесија, но го потврди приматот поставувајќи го најдоброто време во завршните секунди, кога фокусот на гледачите беше украден од една друга случка.
 
Валтери Ботас излета од патеката во последниот свиок, пред да влезе во целната рамнина и се забоди во заштитниот ѕид. Поради тоа не го подобри своето време и остана шести, но ниту неговиот тимски колега, Луис Хамилтон не се покажа нешто посебно бидејќи имаше четврто време.
 
Втор и трет, со заостанување со две и пол, односно четири десетинки беа Шарл Леклер и Себастијан Фетел, соодветно. Петти Албон, а до првата десетка се поредија Саинц, Норис, Квјат и Гасли.
 
Трката за големат награда на Мексико се вози утре од 20 часот, а во неа може да биде прогласен старо-новиот шампион, Луис Хамилтон, но само ако биде 14 бода пред тимскиот колега, Ботас.

 

0 Коментари

Остави коментари