Пол-позиција за Ботас во Тексас, Хамилтон дури петти
Foto

Пол-позиција за Ботас во Тексас, Хамилтон дури петти

Валтери Ботас од Мерцедес ќе стартува прв на трката за големата награда на САД, во Тексас. Својата 11. пол-позиција во кариерата ја освои за 12 илјадитинки пред Себастијан Фетел од Ферари, со време 1:32.029, што претставува нов рекорд на патеката.

Резултатот за пол-позиција Ботас го постави во првиот летечки круг од третата сесија, а во второто излегување на патеката никој не ја подобри својата позиција. Ферстапен ќе стартува трет, Леклер е четврти, Луис Хамилтон, кому утре му требаат само четири бода за официјално заверување на титулата,ќе почне петти.

Алекс Албон од Ред бул како шести го комплетира шарениот колаж од болиди на „големата тројка“, а до десеттата позиција се сместија Саинц, Норис, Рикардо и Гасли.

 

Трката за големата награда на САД, ќе се вози утревечер од 20 часот.

0 Коментари

Остави коментари