Покренато обвинение за случајот „Шпански скали“
Foto

Покренато обвинение за случајот „Шпански скали“

Обвинителството бара судење за случајот „Шпански скали“. Поднесено е обвинение за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и петмина негови соработници . На листата обвинети се и високите партиски функционери од опозицијата Димитар Димовски и Дејан Митревски кои беа три ипол месеци во притвор, а сега се со мерки на претпазливост.

„Во временскиот период од 21.12.2010 година до 08.08.2018 година, првоообвинетиот заедно со петмина административни службеници, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште и не иницирале постапка за раскинување на Договорите за оттуѓување на градежно земјиште и враќање на градежното земјиште во сопственост на Р.М, ниту наплатиле договорна казна со што овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист.“ - стои во дописот од Обвинителство.

Меѓу обвинетите е и поранешната правобранителка Емилија Радојкова за која обвинителството констатира дека иако увидела неправилности не го заштитила земјиштето од оттуѓување. И двајца нотари се обвинети, но и сопственикот инвеститор. Обвиниетлството проценува штета врз Буџетот од 2, 6 милиони евра.

Приказната за Хотелски комплекс покрај кејот на Вардар, отпочна пред осум години. Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање за градежната парцела со површина од 4.090 квадратни метри како најповолна ја избра понудата на „Амадеус груп”.

Новиот инвеститор ја купи парцелата по цена од 5.000 денари за квадратен метар или вкупно само за земјиштето уплата од 332 илјади евра. 4 години подоцна Град Скопје одлучи да го ослободи албанскиот инвеститор од половина од давачаките за уредување на градежното земјиште.

Така фирмата „Амедус Деволпмент“ која доби змејиште за хотел се обврза дека на местото на црквата Св. „Константин и Елена“ ќе изгради објект во барок стил наречен „Шпански скали“. Актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ го поништи одобрението за градба во февруари 2018 година.

0 Коментари

Остави коментари