ПОКРЕНАТА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ПРОСВЕТНИОТ ИНСПЕКТОР ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ
Foto

ПОКРЕНАТА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ПРОСВЕТНИОТ ИНСПЕКТОР ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ

Покрената е дисциплинска постапка против просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој откри во јавноста дека владините функционери Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули се стекнале непрописно со повисоки стручни звања на Tетовскиот државен универзитет додека биле на должност.

Тој на 19 јули треба да се појави пред дисциплинска комисија во државниот просветен инспекторат, а постапката е покрената од Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а истата е одобрена од директорот на ДПИ, Томе Спировски.

Од инспекторатот велат дека по претходно поднесена иницијатива покрената е дисциплинска постапка, за утврдување на дисциплинска одговорност против Илиевски и се однесува на неговото изнесување на факти за предмети кои немаат конечност во постапката.

0 Коментари

Остави коментари