Поднесено обвинение за дилер на дрога
Foto

Поднесено обвинение за дилер на дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против 39-годишен скопјанец за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

 

Како што соопшти денеска Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, на 17 јуни годинава при извршен претрес во домот на обвинетиот била пронајдена наркотична дрога марихуана во вкупна количина од 131,33 грама. Обвинетиот неовластено заради продажба ја држел дрогата спакувана во повеќе предмети во домот.

 

– Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што ценеше дека и натаму постојат условите заради кои првично беше определен притворот, се вели во соопштението од Јавно обвинителство.

 

0 Коментари

Остави коментари