Поднесени предлог-измени на изборниот законик
Foto

Поднесени предлог-измени на изборниот законик

Иницијативата за една изборна единица денеска поднесе два предлога за измени и дополнувања на изборниот законик..

Пратеничката Лилјана Поповска рече дека во првиот предлог побарале да се направи промена од шест изборни единици на една изборна единица, а во вториот отворени листи на локалните избори, еднаков број жени и мажи и на локалните и на парламентарните избори и механизам за избор на паритетна застастапеност на советниците на листите, изјави Поповска.

Иницијативата за една изборна единица сметала дека со овие измени земјата ќе обезбеди еден подемократски модел, што од една страна претставува можност за сите политички субјекти да учествуваат на изборите и да бидат избрани и гласовите на граѓаните да не пропаднат, туку да се преточат во пратеници во парламентот, а од друга страна, можност за граѓаните директно да се изјаснат и на кому му даваат приоритет на локалните избори.

0 Коментари

Остави коментари