Поддршка од Кодинг Горска во Спортскиот центар „Борис Трајковски“
Foto

Поддршка од Кодинг Горска во Спортскиот центар „Борис Трајковски“

Целиот свет се соочува со огромни предизвици предизвикани од пандемијата. 

Особено важно е во вакви кризни времиња да ја покажеме нашата солидарност.

Компанијата Кодинг Горска им излезе во пресрет на институциите со поддршка во напорите за справување со состојбата со COVID-19 во земјава. Со задоволство донираше 50 000 литри вода од палетата на Горска и Горска плус во А1 Арената, Спортскиот центар „Борис Трајковски“,  кадешто деновиве започна масовната вакцинација на граѓаните на Република Северна Македонија. 

Кодинг Горска донираше производи и во Универзитетската Клиника за инфективни болести, Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, Градската општа болница 8-ми Септември и во Интерните клиники во Скопје.

„Сечија поддршка во вакви кризни ситуации е неопходна и добредојдена,“ изјавија од компанијата.

0 Коментари

Остави коментари