Почнуваат преговорите за состав на влада
Foto

Почнуваат преговорите за состав на влада

Зоран Заев и Христијан Мицкоски тргнаа во лов на пратеници за Влада. Заев е сигурен дека ќе ја направи за најмногу 15 дена.

Мицкоски пак повоздржан, тврди дека ќе се обиде. Заев самоуверено најави дека подеднакви се шансите со него во Влада да седнат и Али Ахмети и коалиицките партнери Села и Гаши. Мицкоски пак им намигна на коалициските партнери на Заев и му порача деа не биде толку сигурен дека ќе му останат верни. 

ЕУ, реформи во судсво економија и борбата со коронавирусот – ова е костурот што Заев го нацрта за новата Влада. И на Ахмети и на Села, без да ги спомене им порача да заборават на национализмот. На Ахмети со кој што му почна денот, според неофицијалните информации, му порача дека нема намера да се извинува и да заборави на премиер.

Мицкоски пак повоздржан во најавите дека ќе ги исполни премиерските амбиции. Вели доколку не успее да биде власт, неговите пратеници ќе поднесуваат закони за граѓаните за да ја застанат на нозе државата која вели е крахирана по СДСМ и Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прес конфреренцијата од собраниската Кристална сала, иако не е пратеник, ја искритикува Владата во оставка за изборен поткуп, економски колапс, фијаско, за справувањето со пандемијата со ковид 19.

Ниту лидерот на ДУИ, ниту некој од новите пратеници на Ахмети не се појавија на организираната прес конференција. Ахмети за дел од медиумите само кусо порачал дека е време да стратуваат преговорите.

Заев освен неформалните состаноци, седницата имаше и формални. Од Собранието придружуван со Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, и Љупчо Николовски во клубот на пратеници се сретна со Мендух Тачи, лидерот на ДПА и единствен пратеник од оваа партија која не се појави во Собранието. 

Тачи ги избегна новинарите, но неговиот сопартиец порача дека Тачи станува дел од Илинденска број 2. На агендата на Заев вечерва и состаникот со Билал Касами и Беса на Бихаќка. Средбите на Мицкоски кои што тврди ги има, остануваат тајна. 

Дека очекува брзо формирање на стабилна влада на која преговорие ќе и бидат приоритети, деновиве порача и официјален Вашингтон и официјален Париз.

0 Коментари

Остави коментари