Почнува хорскиот фестивал ТЕХО во Тетово
Foto

Почнува хорскиот фестивал ТЕХО во Тетово

Со настап на шест хорови вечер во 19:30 часот во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово почнува 28.издание на хорскиот фестивал ТЕХО.

На отворањето на фестивалот се очекува да се обратат претседателот на Хорскиот фестивал, Ивица Зориќ и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Потоа ќе настапат градскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово, мешаниот хор „Vox Lychnidos“ од Охрид, женскиот младински хор и мешаниот хор „Стив Наумов“ од Битола, машкиот хор „Тирана“ од Албанија и женскиот младински хор „МКЦ“.

Утре ќе настапат пет хорови „Хаџи Зека“ од Пеќ, Косово, мешан хор „Кочо Рацин“ од Скопје, Мешан хор при Универзитет Тетово, академски машки хор „Гусла“ од Софија, Бугарија и Камерен мешовит хор „Проектен хор“ од Тетово.

Дел од фестивалот ќе биде меѓународната конференција на тема „За хорот“ и одбележувањето на 20 години од Балканскиот хорски форум, што ќе се одржат во духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешок.

 

 

 

 

 

 

 

 

0 Коментари

Остави коментари