Почна кампањата за користење на средства од ИПАРД програмите
Foto

Почна кампањата за користење на средства од ИПАРД програмите

ИПАРД програмите се од исклучителна важност за развојот на македонското земјоделство и вклучуваат мерки кои директно им помогаат на нашите земјоделци, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на почетокот на кампањата „Европски можности за македонското земјоделство“ за користење на средствата од ИПАРД програмите за период од 2014 до 2020 година што се одржа денес во Струмица. Пред претставници на земјоделски компании, преработувачи и трговци, Николовски додаде дека само со првиот јавен повик од ИПАРД 2 се примени рекордни 1.649 барања за инвестициски проекти од кои досега одобрени и влезени во фаза на реализација се 937 проекти, во вредност од близу 18 милиони евра.

0 Коментари

Остави коментари