Почина родилка од Охрид
Foto

Почина родилка од Охрид

На жената уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен брис за Ковид-19. Лекарите оперативно го извадија плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. 

Можна причина за фебрилноста е септичната состојба на пациентката, но тестот треба да утврди или отфрли присуство на коронавирус. За време на интервенцијата состојбата кај пациентката се влоши при што истата беше интубирана, се пристапи кон целосна реанимација, но за жал во 22.00 е констатирана смрт. 

Причина за смртта е сепса со масивна тромбемболија, а пациентката ќе биде пратена на обдукација по што ќе има егзактна дијагноза - велат од ГАК.

37- годишната пациетка во охридската болница во текот на вчерашниот ден дошла со мртов плод во утробата, видлива инфекција, покачена температура, но без симптоми на корона вирус. Дежурниот тим ги направил сите потребни анализи според протоколот и жената е транспортирана до Скопје, информира за ТВ24 директорот на општата болница, Горан Балевски.

Жената никогаш не била на контрола кај гинеколог, а дополнителен проблем кај неа претставувала гојазноста.

Иако причината за смртта кај пациентката првично е сепса, таа е тестирана на Ковид 19 и во текот на денот ќе се знаат резултатите.

0 Коментари

Остави коментари